Спорт плус
5. December 2015 - 12:24

Блажевски беше на чекор до нов рекорд

Македонскиот пливач Марко Блажевски беше на чекор да постигне уште еден рекорд на ЕП на 25-метрски базени што се одржува во Израел. Тој претпладнево во квалификациите на 100 мешано исплива резултат - 56.01 секунди што беше за три стотинки послабо време од неговиот и македонски рекорд поставен лани на СП во Доха. Со постигнатото време се пласира на 40.то место во конкуренција на 51 пливач.

Со денешниот натпревар Блажевски, кој беше единствен македонски пливач учесник го заврши настапот на шампионатот. 
Тој првиот ден оствари рекорд во трката на 100 метри пеперутка.