Бизнис
5. January 2017 - 19:45

Бизнис заедница: Турбулентна 2016, потребна е стабилизација во 2017

Фирмите  земаат кредити  само ако имаат досепани обвски кои треба да ги подмират. Се помалку се користат за нови инвестиции. Од бизнис секторот велат дека годинава компаниите не пројавиле интерес комерцијалните кредити кои претходно ги користеа за модернизирање на своите производни капацитети и за ширење на бизнисот.

Поради политичката и мигранската криза која ја зафати земјава минатата година, фирмите се воздржани и од потрага по нови пазари.  За да можат да ги пласираат своите производи и во земји каде досега не биле присутни велат дека е потребна  политичка стабилност.  Бараат и поголема функциоланост на самите инситуции.

Ако и годинава продлжи политичката нестабилнос, профитабилноста на фирмите значително ќе опадне, ќе стагниратаат  инвестициите, нема да можат да делуваат на зголемување на животниот стандард  и да вработуваат. Бизнсимените ќе бидат принудени да ги кратат трошоците.  

Бизнис секторот ја оцени 2016 година како трбулентна. Очекуваат годинава да биде подобра и стабилизација на  целото стопанство.