Бизнис
30. March 2017 - 19:54

Бизнис конфедерацијата бара крај на политичката криза

Полесен пристап до финансии, фер конкуренција и стабилна регулатива се најголемите потреби на приватниот сектор, оцени Бизнис конфедерацијата на Македонија која денес одбележа 15 години постоење.

Во организицијата во која членуваат 8500 компании велат дека стопанството е реазервирано за нови инвестиции и исчекува крај на политичката криза за со нова влада заеднички да се креираат економските политики.

Министерот за финансии Миноски ги наведе бројните подобрувања во деловната клима која ги спроведе владата изминатите десет години, кои се нотирани и во извештаите на институции како Светска банка.

Минималната плата, законот за безбедност и здравје при работа, како и активните мерки за вработување се некои од проектите во кој бизнис конфедерацијата го дала својот придонес.