Македонија
19. August 2017 - 14:42

Бизарна смрт во Македонија: Паднал од брана и удрил во карпа

Оператор на браната на вештачкото езеро во Прилеп вчера околу 19 часот и 40 минути пријавил дека лицето Т.П. од Прилеп, движејќи се по ѕидот од браната, изгубил рамнотежа, паднал од браната и удрил на карпа. 

На местото на настанот излегла екипи на Итна медицинска помош и на полициската станица Прилеп, при што е констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на 42-годишниот прилепчанец е дадено на семејството за погреб.