Свет
20. October 2017 - 17:52

Бизарна смрт на турист во Фиренца

Турист од Шпанија загина во црквата Санта Кроче во Фиренца, откако врз него, од таванот, од 20 метри височина, паднал камен широк 15 сантиметри.

Идентитетот на жртвата не се соопштува, а се знае само дека имал 52 години, и дека најверојатно потекнува од Барселона.

Италијанската полиција ја затвори црквата за посетители на неодредено време, додека свештенството е шокирано, со оглед на редовното одржување на црквата последниве неколку години.

Во Санта Кроче почиваат познати личности од Ренесансата, како што се Микеланџело, Галилео и Макијавели... Се работи за една од најпознатите знаменитости и туристички атракции во Фиренца.