Спорт плус
8. September 2017 - 18:35

Бивот и Перуновиќ победници на маратонот „Влатко Димитров“

Кениецот Виклиф Бивот и Црногорката Слаѓана Перуновиќ се победници на 31-то издание на Меѓународниот атлетски маратон „Влатко Димитров“, кој се одржува во Охрид по повод денот на Независноста на Република Македонија. 30-километарската патека од Св. Наум до градскиот плоштад Бивот ја мина за 1 час, 49 минути и 19 секунди, додека Перуновиќ за 1 час, 55 минути и 52 секунди.
Во машка конкуренција второпласиран заврши Унгарецот Тамаш Наги, додека третата позиција му припадна на Зилир Рутхани од Косово. Кај женските пласман на пиедесталот обезбедија Ана Суботиќ од Србија и Андријана Поп-Арсова од Македонија. Најдобар македонски маратонец во машка конкуренција беше Кокан Ајановски, кој истрча со време 1.53.12 за четвртата позиција во севкупен пласман.
 
- Сакам да и им се заблодарам на организаторите на овој маратон за поканата која ми ја испратија. Многу сум среќен што во моето прво учество успеав да победам. Трката е необична, бидејќи има удолнини и угорнини и треба дополнителна физичка подготвеност. - изјави победникот во машка конкуренција.
 
- Многу сум задоволна од времето и од победата. Имав доста добра конкуренција и давав максимум од самиот почеток не штедејќи се воопшто. Искрено, не очекував дека ќе бидам прва и не надевав на соборување на државниот рекорд во Црна Гора за цели две минути. Маратонот во Охрид ми беше генерална проба за маратонот во Загреб на кој ќе борам за пласман на Олимпијадата во Токио. - потенцираше Перуновиќ.
 
Дел од учесниците на 30-километарскиот маратон беше и Министерот за финансии Драган Тевдоски, кој успешно го финишираше маратонот. Тој трчаше како дел до екипата за поддршка на луѓето со тешки и ретки болести.
- Со задоволство втора година по ред учествувам на еден од најстарите маратони во нашата земја. Годинава трчав за поддрпка на на луѓето со тешки и ретки болести. Мислам дека повеќе јавни личности треба да се приклучат на ваквите спортски манифестации и да ги поддржат луѓето на кои ние му сме повеќе од потребни. - изјави Тевдоски.
Во склоп на „големиот маратоно“ се одржа и мал маратон на 5 километри, кој го носи името Независна трка. Прв целта во машка конкуренција ја мина Атанас Танчевски, додека кај женските триумфираше Бојана Наумоска.
 
ФОТО и вест  Охрид њус