Македонија
20. April 2016 - 20:53

Битолчани и вечерва масовно ЗА избори на 5-ти јуни и крај на кризата

Граѓаните на Битола и вечерва масовно излегоа за поддршка на собирот на ГДОМ од кој беше испратена порака за избори ан 5-ти јуни и крај на политичката криза.

Граѓаните масовно се собраа да кажат ДА за избори и НЕ за деструкциите на СДСМ и Зоран Заев.

bitola-4

-По оној изблик на негативна енергија кој беше пласиран од страна на поддржувачите на поранешната југословенска комунистичка партија таканаречените социјалдемократи, мене ми е особено драго што вчера видов во Прилеп, а денес во Битола  дека Македонците сами створија една стратегија на одбрана, а тоа е позитивна енергија. Овде има едно многу добро расположение. Нивната глупост, нивната деструктивност, Македонците почнуваат да ја одбиваат  на тој начин што се забавуваат. Нивната деструктивнопст ја заменуваме со конструктивност, нивната безидејност ја заменуваме со добро расположение и забава, рече Маријан Камиловски, член на ГДОМ.

bitola-3

Камиловски потенцира дека сите анкети покажуваат дека СДСМ ќе изгуби на 5-ти јуни.

-Ќе изгубат драстично лошо и драстично многу и најверојатно ќе се распаднат после тоа, рече Камиловски.

bitola-1