Македонија
18. April 2016 - 20:44

Битолчани едногласни: Доста е, избори за крај на кризата

Илјадници битолчани излегоа на плоштадот Магнолија и дадоа поддршка на иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

bitola gdom1

magnolija

Граѓаните едногласно велат дека изборите се единственото решение за надминување на кризата чија сериозност и се заканува на државата и претставува кочница за напредокот на Македонија.

bitola gdom2

Бројот на граѓани во Битола од минута во минута е се поголем, а најавено е дека маршот од „Магнолија“ ќе продолжи на Широк сокак, па пред штабот на СДСМ.

bitola gdom3

Од ГДОМ повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.

bitola gdom4

bitola gdom5

bitola gdom6

bitola gdom7

Покрај во Битола, масовни собири вечерва има и во Велес и Штип.