Бизнис
29. December 2015 - 16:38

Битола ќе добие парно

Битола ќе добие парно. Прокетот предвидува изгрдба на 12 километраски цеквовод од РЕК Битола до општината, приемна станица, дистрибутивна мрежа во градот и приклучоци за Новаци, Могила и Логоварди. Топлификација за Битола е идеја стара неколку децении и остварување на предизборно ветување одадено на битолчани пред локалните избори.

Најголемата придобивка е елиминирањето на повеќе извори на загадување на животната средина. Значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во јавните објекти и во домаќинствата. Со тоа ќе се намали и загадувањето на општината, изјави по потпишувањето на договорот министерот за финансии Зоран Ставрески.

Во РЕК Битола веќе се завршени сите зафати кои треба да обезбдат услови за градот да добие Топлификација.  Придобивки од проктот ќе има за целата државата.

Инвестицијата е вредна 46,5 милиони евра. 39 милиони се обезбедени преку германската КВФ банка, а останатите ќе ги обезбеди државната компанија ЕЛЕМ. КФВ банката ги одбри парите под поволни услови. Каматата е најниска досега за инфратсруктурен прокет изнесува 1,5% и обезбедува заштеда од над 3 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години со 4 години грејс период.

„ЕЛЕМ ќе го спроведе овој проект во период од 4 години. KFW ќе ја исплати сумата од 39 милиони евра директно на компанијата изведувач, која што ќе биде избрана преку меѓународен тендер. Парите ќе бидат исплатени на рати и ќе бидат рефундирани на компанијата изведувач за трошоците кои што ги направиле и тоа ретроактивно. Пари воопшто нема да се исплаќаат однапред, а проектот ќе биде под надзор на меѓународен технички консултант“, германскиот заменик амбасадор во земјава.

КФВ банката има инвестирано во повеќе прокети во земјава меѓу кои ревиталиација на шест хидроцентрали и ветро паркот во Богданци кој беше изграден за само две години во вредност од над 90 милиони евра.