Свет
14. October 2017 - 9:33

Билансот на жртвите од пожарите во Калифорнија достигна до 36

Во пожарите што ја зафатија Калифорнија досега загинаа најмалку 36 лица, а над 200 лица се водат како исчезнати. 

При огнената стихија, евакуирани се 90.000 лица, а најмалку 5.700 објекти се уништени. 

Повеќе од 9.000 пожарникари, со над 1.000 пожарникарски возила, како и авиони и хеликоптери, се обидуваат да ги изгаснат 17-те големи пожари во северниот дел на Калифорнија. 

Властите соопштија дека на одредени места се изгаснати огнените пламени, но работата на пожарникарите е отежната поради силните ветрови кои достигнуваат брзина од 72 километри на час.