Балкан
28. September 2016 - 17:14

БиХ следната година ќе биде домаќин на НАТО вежба

Советот на министри на Босна и Херцеговина одобри од 10 до 16 септември идната година земјата да биде домаќин на НАТО вежба за отстранување на последиците од катастрофи во формат на партнерство.

Вежбата на иницијатива на НАТО ќе биде изведеба на поширокото подрачје на Тузланскиот кантон.

Цели на воената вежба ќе биде проверка на капацитетите и планските документи за ургентно постапување на надлежните цивилни органи, помош и поддршка на Вооружените сили на БиХ за цивилните структури, отстранување на последиците од несреќи и прием на меѓународна помош.