Балкан
23. February 2017 - 19:07

БиХ поднесе жалба пред Меѓународниот суд во Хаг за геноцид против Србија

Делегација на Босна и Херцеговина денеска повторно поднесе жалба пред Меѓународниот суд во Хаг за геноцид против Србија.

Делегацијата е предводена од Сакиб Софтиќ, поранешниот адвокат на БиХ за делото против Србија.

Барањето за обновување на жалбата поднесено е без согласност од претседателството на БиХ, јавува БТА.

БиХ поднесе жалба пред Меѓународниот суд во Хаг во 1993 година, кога го обвини Белград за етничко чистење на Хрватите и муслиманите за време на војната.

На 26 февруари 2007 година судот утврди дека силите на босанските Срби извршиле геноицид во Сребреница, кога беа убиени околу 8.000 муслимани, но Србија не е одговорна за организирањето на геноцидот.

Рокот за евентуално преразгледување истекува на 26 февруари годинава.