Кошарка
15. March 2017 - 21:40

БИБЛ лига: Кожув остана без полуфинале

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија и покрај победата од 77:67 (28:13; 15:23; 19:18; 15:13) над Пеќ во реванш четвртфиналето од БИБЛ лигата не успеаја да ја минат оваа фаза бидејќи на првиот натпревар во Пеќ противникот победи со 83:66. Пеќ во полуфиналето ќе игра против Куманово, кој во оваа фаза беше слободен.
Екипата на Кожув негативата од 17 поени, не успеа да ја достигне иако во два наврати имаше водство од 16 поени (28:12 – 10.минута и 74:58 – 36.минута). Најефикасен кај Кожув беше Бојан Крстевски со 20 поени, а кај победникот најмногу поени постигна Џејми Били во 22 поена.
Во второто полуфинале ќе играат Берое и Теодо. Екипата на Теодо во четвртфиналето ја елиминира екипата на Фени Индустри.