Кошарка
10. November 2015 - 15:31

БИБЛ лига: Кожув ќе атакува на првата победа

Македонскиот претставник во регионалната БИБЛ лига Кожув во натпреварот од 3.коло ќе се обиде да стигне до првата победа оваа сезона.

Во Гевгелија вечерва гостува екипата на Берое од Стара Загора. Oва e дуел на двете екипи од групата А кои имаат по два пораза.

 
По смената на тренерот Боби Митев, Кожув оствари минимален триумф (85:82) во Првата македонска лига над градскиот ривал Бест и евентуален успех ќе биде услов за враќање на самодовербата кај играчите.
 
Натпреварот во Гевгелија почнува во 19 часот.
 
Денеска се игра и натпреварот од Б групата меѓу Ловќен – Башкими, а утре ќе играат Пеќ и Левски.