Кошарка
1. March 2016 - 14:35

БИБЛ лига: Кожув гостува во шампионот Сигал

Го бележиме и настапот на единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата, Кожув кој вечерва во Приштина против првакот во ова натпреварување Сигал, ќе го одигра четвртиот меч од четвртфиналната група. 
 
Сезонава овие две екипи одиграа три натпревари. Освен првиот на почетокот на декември минатата година во Гевгелија, кога Кожув забележа победа со 68-62, на другите два (Приштина па Гевгелија), поуспешна беше екипата на Сигал која славеше со 88-60 и 87-75. 
 
Инаку Сигал е водечки тим во групата Д со максимални три победи додека Кожув, Пеќ и Левски имаат по една победа и два порази. 
 
Вечерашниот дуел меѓу Сигал и Кожув ќе започне од 19 часот, а утре во оваа група ќе играат Левски и Пеќ.
 
Во групата Ц, денеска се игра натпреварот Берое – Морнар, а за утре закажана е средбата Теодо – Башкими. На табелата во оваа група водечки е тимот на Теодо 3-0 (победи-порази), Берое 2-1, Морнар 1-2 и Башкими 0-3.