-->
-->
БИБЛ лига: Фени Индустри брани 3 поени предност против Теодо за место во 1/2-финалето
-->
Во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) денеска ќе се одигра првиот реванш натпревар од четвртфиналната фаза.
Македонскиот претставник Фени Индустри ќе има тешка задача на гостувањето во Црна Гора кај Теодо против кој во попладневниот меч ќе брани три поени предност, остварени на првиот меѓусебен дуел во Кавадарци каде Фени Индустри забележа победа со 100-97.
Натпреварот кој ќе се игра во Тиват ќе започне од 18 часот и 30 минути, а подобриот тим во севкупната пресметка ќе се пласира во полуфиналето во кое за противник ќе ја има бугарската екипа Берое.
Утревечер во Гевгелија, екипата на Кожув ќе има уште потешка задача во дуелот против тимот на Пеќ, имајќи в предвид дека на првата средба гевгелиската екипа загуби со 17 поени разлика. Доколку Кожув успее да ја анулира оваа висока негатива тогаш во полуфиналето за противник ќе ја има екипата на Куманово.
Средбата во Гевгелија ќе се игра во терминот од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација