Кошарка
6. December 2016 - 19:32

БИБЛ: Куманово загуби по продолжение

Македонските екипи Куманово и Кожув претрпеа порази на вечерашните дуели во рамките на БИБЛ лигата. Во драматична завршница и по продолжение Куманово загуби од Башкими со 96:95 (31:13; 14:23; 17:28; 16:14 и 17:18). Ова за Куманово е втор пораз, но остана на чело на табелата во А групата.

Откако во регуларните 40 минути беше нерешено 78:78, во завршницата Куманово со тројката на Александар Костоски поведе на четири секунди пред крајот со 95:94. Победничкиот кош за Башкими го постигна Марко Поповиќ во последната секунда. Костоски од Куманово со 28 поени беше најпрецизен на натпреварот.

Екипата на Кожув загуби на гостувањето во Бугарија од екипата на Берое со 91:85 (34:22; 22:20; 12:21 и 23:22). Гевгеличани по слабата прва четвртина во која примија 34 поени успеаја на почетокот на вториот дел да ја намалат разликата на противникот, но сепак домашаната екипа ја зачува предноста од неколку поени. Најефикасен на дуелот беше Миливое Мијовиќ од Кожув со 31 поен.

Од оваа група вечерва играат: Приштина и Теодо.

Табела А група: Куманово 5-2, Берое 4-2, Теодо 3-2, Башкими 3-4, Кожув 1-5, Приштина 1-2.

Утре во рамките на Б групата играат: Тирана – Фени Индустри и Карпош Соколи – Трепча.