Кошарка
11. April 2017 - 19:58

БИБЛ: Куманово убедливо поразен во првото финале од Берое

Екипата на Куманово вечерва претрпе убедлив пораз на првиот финален натпревар од БИБЛ лигата од екипата на Берое, која беше домаќин на овој дуел. Тимот на Берое славеше победа со 84:55 (20:12; 26:13; 16:15 и 22:15). 
Комплетната стартна петорка на екипата на Берое имаше двоцифрен број поени, а најефикасен со 25 беше Шејн Гибсон. Во редовите на Куманово најпрецизен со 14 поени беше Димитар Караџовски.
По дуелот тренерот на Куманово Марјан Србиновски изјави: 
- Имавме проблем во организацијата на нападот во текот на целиот натпревар, а немавме ниту реализација на шутот за „тројка“ на потребното ниво. Притоа Берое ги казни сите наши грешки. 
Реванш натпреварот се игра во вторник на 18.април во Куманово со почеток во 19 часот.