Кошарка
11. October 2017 - 20:48

БИБЛ: Куманово поразен во Софија

Кошаркарите на Куманово (лански финалист) новата сезона од регионалната кошаркарска лига БИБЛ ја почнаа со пораз на гостувањето кај Левски Софија со 85:78 (27:25; 18:19; 21:16 и 19:18).
Минималната предност од првиот дел кошаркарите на Левски ја зголемија во третата четвртина, а кумановчани во последниот период имаа неуспешен обид да го преземат водството.
Најефикасен на дуелот беше Веселин Веселинов со 23 поени и 9 скокови, кај Куманово најефикасен беше Немања Миљковиќ со 17 поени.
Вториот македонски тим во ова натпреварување Блокотехна од Гевгелија вчера постигна убедлива победа.
На другите дуели од 1.коло вчера: Ибар - Академик 83:94 и Блокотехна - Тирана 100:68, додека Башкими и Рилски Спортист играат на 7.декември.