-->
-->
БИБЛ: Исклучен Карпош Соколи
-->
Екипата на Карпош Соколи е отстранета од БИБЛ лигата откако не ја плати казната изречена по напуштањето на теренот на натпреварот со Теодо игран во Скопје. Македонскиот Куп освојувач Карпош Соколи незадоволен од судиските одлуки го напушти теренот.
Македонскиот претставник во регионалната лига доби казна во висина од 12.000 евра, а 6.000 евра поради надминување на претходниот депозит од 12.000 евра требаа да бидат уплатени на сметката на БИБЛ најдоцна до петок.
Од раководството на лигата истакнуваат дека чекале до понеделник, но од клубот немало никаква реакција.
Со исклучувањето на Карпош Соколи натпреварот со Куманово што требаше да се игра на 1.март е регистриран со резултат 20:0. По овој исход Куманово ја освои првата позиција во групата Б.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје