Кошарка
8. November 2017 - 18:54

БИБЛ: Без проблеми за Блокотехна

Кошаркарите на Блокотехна попладнево ја постигнаа и третата победа во БИБЛ лигата откако триумфираа на госувањето кај Ибар со 98:74. Тимот од Гевгелија водството го имаше во текот на целиот натпревар и успеа сите четвртини да ги реши во своја корист - 22:16; 26:16; 21:19 и 29:23.
Најефикасен во тимот на тренерот Марјан Илиевски беше Антон Казарновски со 24 поени, додека Двејн Бенџамин постигна 21.
По четири одиграни кола Блокотехна има скор од три победи и еден пораз. 
Вториот македонски тим во БИБЛ лигата Куманово вчера загуби на гостувањето кај Тирана со 75:73 и остана на една победа и три порази.