Би го заклал синот ако знаев дека тој ја уби Јелена, тврди таткото на осомничениот Вихор
Франц Ројко, татко на Небојша Ројко викан Вихор кој е уапсен во Босна под сомнение дека е поврзан со убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, вели за Телеграф.рс дека неговиот син не е убиец и дека најверојатно е уапсен зошто не одлежал претходно сторени кривични дела.
Ројко очекува дека неговиот син веќе вечерва ќе биде испорачан на белградската полциија и истакнува дека неговите синови никогаш не биле на насипот.
-Мојот син не е убиец. Тој навистина е со немирен дух, но не е убиец. Јас прв би го заклал тоа да го направил. Во Босна отиде зошто мислеше дека полицијата го бара зошто не одлежал претходно сторени дела, вели Ројко.
Тој вели дека неговото семејство воопшто не ја познавало Јелена, ниту нејзиниот сопруг.
-Дознавме за се кога и останатите, откако се случи се ова. Моите синови, ниту Небојша како ни Игор, насипот не ги интересира. Нивната дестинација е од дома до автобусот па во град. Читам како сопругот на Јелена бил кај мене и дека сме разговарале, меѓутоа тоа не е вистина - тврди таткото на Небојша, кој едвај чека, оваа како што ја нарекува, игранка да заврши.
-Четири ноќи не сум спиел зошто синот ми го направија убиец - рече Франц.
Франц бил во куќата заедно со братот близнак. Другиот син Игор, братот на Небојша, не бил дома.
-Игор по пуштањето од полиција замина кај девојката - вели Франц.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори