Бизарно но вистинито
16. September 2017 - 10:40

Бездомник замолил девојка да го премести луксузното „Порше“, таа го застрелала

Младата богата Американка, 26-годишната Кејт Квекенбуш, ладнокрвно испукала два куршума во бездомникот кој се пожалил на издувните гасови од нејзиниот автомобил, а потоа побегнала од местото на злосторството.
 
Бездомникот, кој спиел на тротоарот, барал од Кејт да го премести своето “Porsche SUV”, по што таа извадила револвер и испукала два куршума во него. Кејт е обвинета за обид за убиство.
 
Како што објавила полицијата во американскиот град Нешвил, 54-годишниот Џералд Мелтон е на лекување во болница од добиените повреди. Локалните медиуми пренесуваат дека таткото на осомничената ја оправдува својата ќерка и тврди дека бездомникот агресивно се однесувал кон неа и нејзината пријателка, а “дофрлал и експлицитни секситички примедби”. Вели и дека бездомникот се заканил дека ќе ги убие.
 
Според неговата верзија, бездомникот наводно тргнал кон нив, а Кејт испукала два куршума за предупредување, па не ни знаела дека го застрелала.
 
Кејт Квекенбуш е во затвор, со одредена кауција од 25.000 долари.