Македонија
23. April 2017 - 12:56

Без вода утре дел од Батинци

Од 9 часот утре можно е да има мал прекин на водоснабдувањето во село Батинци, скопско, соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Причина за прекинот, како што се наведува, е хлорирање на резервоарот Батинци.