Македонија
22. March 2018 - 9:55

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од објектот – Административната зграда на Луна Парк, корисниците во околината на Луна Парк, како и ресторан „Уранија“, во општина Центар, дел од село Добри Дол- кон викендиците, во општина Сопиште, како и дел од корисниците од улица „Пелагонија“, во општина „Шуто Оризари“.
 
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро -мрежа.
 
Без струја од 14:00 до 16:00 часот ќе бидат и корисниците од улица „Трифун Пановски“ број 2, во општина Карпош.