Македонија
4. December 2016 - 11:29

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја утре од 09:00 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од улица 1409, во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија утре од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од улица „Скупи“, под улици 3 а и 5 а – Криви Дол, во општина Карпош.

Од 10:30 до 12:30 часот, без напон ќе бидат и дел од корисниците од улица „Скендер Бег Кастриот“, во општина Чаир.