Македонија
5. April 2017 - 12:28

Без струја утре делови од Карпош, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај.

Од РЦУК Скопје соопштија дека утре од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Париска и Прашка во општина Карпош, од 08:00 до 11:00 часот дел од корисниците од ул. Самоилова, ул. Архиепископ Ангелариј (Теодосиј Гологанов), ул. Градиште, улиците 371 и 379 се до црквата „Св. Спас“ и локалите околу „Наргиле“ во општина Чаир.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на селата Раштак и Булачани во општина Гази Баба, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Димо Хаџидимов бр 15а во општина Кисела Вода, од 11:00 до 15:00 часот дел од корисниците од селото Крушопек, областа Лака во општина Сарај, а од 10:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците Виенска и Нобелова во општина Карпош.