Македонија
20. July 2017 - 16:05

Без струја утре делови од Дебар и Центар Жупа

Регионалниот Центар за управување со кризи –Дебар информираше дека во повеќе населени места во општните Дебар и Центар Жупа, утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што извести Центарот прекин во снабдувањето со електрична енергија, во периодот од 7 до 8 часот ќе има во месноста кај репетиторот на планината Стогово, потоа компанијата „Кораби редимикс“, како и компаните во неговата околна, селата Мелничани и Рајчица, хотелот „Термал“ во Косоврасти, како и стара гипсара. 

Без струја ќе биде  и селото Могорче и тоа во периодот од 9 до 12:30 часот, како и селото Џепиште од 11 до 13 часот. 

Во општина Центар Жупа прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во перодот од 10:15 часот до 11:15 часот, во селата Брештани, Коџаџик, Новак, Долгаш и Вапа, сите во подрачјето на Горна Жупа.

Прекнот во снабдувањето е поради изведување одредени активности, насочени кон подобрување на елекеромрежата, а со цел нормално снабдување со елетрична енергија, на дебарското конзумно подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, како  и  подрачјето на Река (општина Маврово Ростуше).