Џет-Сет
23. March 2017 - 11:21

Без шминка, во долен веш - Наташа порачува: Јас сум горда што имам вакво тело после четири деца!

Популарната пејачка Наташа хамилтон на својот Инстаграм профил објави фотографија во долен веш и на следбениците  им порача дека напорната работа секако се исплати.
 
Иако има четири деца и работи со полно работно време, Наташа (34) решила да најде време и да се посвети на своето тело и здравје. И како што вели, после четвртото дете се чувствува подобро од било кога.
- Навистина сум горда што напорната работа се исплатеше. Горда сум на вакво тело после четири деца. И да, за ова беше потребно многу време и посветеност, но тоа е возможно. Се подготвувам за турнеја и со нетрпение го очекувам летото, - им порача пејачката на следбениците, а тие и вратија со серија коментари.
 
Наташа инаку има, како што и самата кажа, четири деца - Џош (14), Хари (11), Алфи (6) и двегодишната ќерка Ела.