Џет-Сет
12. September 2015 - 18:47

Без секси дадилки, еден од условите да го зачуваат бракот!

Убавата Криси Таиген откри дека нема да го става во искушение својот сопруг Џон Леџенд, кога би имале деца.
 
Таа можеби е супермодел на Sport Iliustrated, но Криси откри дека нема да ангажира убави млади жени за да помогнат кога таа и Џон Леџенд ќе засноваат семејства.
 
“Без жешки дадилки, возачи или слугинки. Тоа е постојана шега во мојата куќа. Сакам да имам деца еден ден, па затоа тоа е нешто за што треба да се размислува. Но правилата се без секси дадилки. Му верувам на Џон, но никогаш не се знае со овие мажи”, изјавила 29-годишната убавица за новинарите на модната недела во Њујорк, пренесува Дејли маил.