Македонија
11. January 2016 - 17:11

Бесплатно изучување на рускиот јазик во новиот руски културен центар

Бесплатно изучување на рускиот јазик за сите граѓани. Отворен е рускиот културен центар во рамки на универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Јазикот кој го говорат над 150 милиони луѓе, руската литература, книжевност и историја ќе ја предваат домашни но и руски професори. Центарот ќе биде обезбеден со книги, списанија, дигитална опрема и видеоматеријали на руски јазик.

- Македонија е 46-та земја која добива Руски центар, а тој е 106-та членка во мрежата, изјави Велимир Стојковски-ректор на УКИМ.

-Верувам дека центарот ќе им помогне на македонските граѓани, особено на младите луѓе, подобро да се запознаат и да ги сфатат минатото и сегашноста на Русија, нејзините повеќевековни духовни корени и традиционални вредности кои многу се битни за нашите народи и денес, изјви Олег Шербак-руски амбасадор.

Руската федерација е голем стратешки , политички, економски поддржувач на земјава, вели министерката за култура која смета дека со отворањето на вакви центри се зајакнува и културната  соработката меѓу двете држави.

- Наскоро ќе ја потпишеме и новата Програма за соработка во областа на културата, образованието, науката и спортот за периодот 2016-2019 година во чии рамки планираме реализација на повеќе комплексни активности, заеднички програми и проекти кои ќе бидат наш придонес во градењето на патот на заемното македонско-руското културно пријателство, изјави министерката за култура.

Рускиот е четврти  ценар во рамки на УКИМ, по центрите за италијански, турски и кинески јазик.Руски се изучува и катедрата на филиолошкиот факултет на која годишно се  запишуваат по десетина студенти.