Македонија
13. November 2015 - 15:51

Бесплатни прегледи за коса во Сити Мол

Бесплатни прегледи за коса за мажите ќе се одржи утре во Сити Мол во Скопје во организација на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус, а во рамки на кампањата Моември.

Тим доктори - трихолози од центарот за коса 101 Hair Clinic ќе ги едуцираат граѓаните за грижата за нивната коса.

Моември како месец на машкото здравје се покажа како успешна кампања, а една од темите е проблемот со косата кај мажите. Поттикнати од интересот кај граѓаните за прегледи на косата, се решивме со трихолозите повторно да организираме настан на кој директно и отворено да се разговара на таа тема, истакнаа од Здружението.