Бизнис
15. September 2016 - 19:35

Бесплатни обуки за англиски јазик за невработените

Можност за невработени лица бесплатно да  научат деловен англиски јазик и на тој начин полесно да дојдат до работа. Огласот е објавен денеска, а со обуките, кои ќе траат 3 месеци,  ќе бидат опфатени 200 лица. На тој начин ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат Булатс, кој компаниите го бараат за вработување

- Оваа мерка им заштедува финансиски средства на невработените кои сакаат да ги подобрат своите знаења, компетенции и стручност за да станат поконкурентни на пазарот на трудот зашто ако некој приватно сака да посети курс за деловен англиски и да го сертифицира своето знаење, треба да плати 10.000 денари, изјави Диме Спасов, заменик министер за труд и социјална политика

Еден од условите за вработување, како во старнските, така и во домашните компании и државни институции е  познавањето  на англискиот јазик и компјутери. Затоа државата се одлучи на невработените да им овозможи да се стекнат со овие вештини. Обебедениот буџет изнесува 10 милиони денари.

- За посетување обуки за компјутерски вештини слободни се 700 места, а за странски јазици 400. Во наредниот период, сите невработени што сакаат да изучуваат странски јазици и да се обучуваат за општи ИТ вештини, ќе можат да се пријават во Агенцијата и веднаш кога ќе се создаде минимално потребна група, обуките ќе се одржат во соодветните градови од каде што се пријавените., изјави Влатко Поповски, директор на Аенцијата за вработување

До сега 7,600 невработени лица ги посетиле обуките за познавање странски јазици и компјутерски вештини. Од нив 3,600 веднаш по завршување на обуката се вработиле.