-->
-->
Бесплатен влез на „Трофејот Македонија“
-->
Од четврток до сабота во Скопје ќе се одржи турнирот „Трофеј Македонија“.
Јорданчо Давидков селекторот на најдобрата македонска репрезентација ќе има можност да ја провери моменталната подготвеност на неговите избраници во дуелите против Португалија, Холандија и на Босна и Херцеговина, а во пресрет на претстојните претквалификациите за СП 2019.
Натпреварите ќе се играат во СЦ Борис Трајковски, а Македонската кошаркарска федерација реши да ги отвори вратите за сите љубители на кошарката односно влезот на сите средби да биде бесплатен.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
20. јули, 2017 година (четврток)
18:00 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20:30 часот МАКЕДОНИЈА - Португалија
21. јули, 2017 година (петок)
18:00 часот Португалија - Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија - МАКЕДОНИЈА
22. јули, 2017 година (сабота)
18:00 часот МАКЕДОНИЈА - Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија - Португалија
Неколку дена по завршување на турнирот нашите репрезентативци ќе заминат за Бугарија на уште еден пријателски натпревар (28. јули), последен во рамки на подготвителниот период пред почетокот на претквалификациите за СП 2019.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација