Македонија
25. July 2016 - 19:39

Бесплатен интернет клуб отворен во Велес

Велес доби бесплатен интернет клуб. Го отвори министерството за информатичко општество и јавна администрација. Клубот располага со седум компјутери. Освен користење на интернет, овде предвидено е да се спроведуваат и обуки за компјутерски вештини.

Интернет клубот во Велес е 30-ти во државата. Се наоѓа во центарот на градот и според локалните власти ова ќе овозможи тој да е достапен за многу граѓани.

Според статистиките на министерството за информатичко општество, во минатата година, капацитетите на интернет клубовите ги искористиле блиозу 130 илјади граѓни. Дури 70 проценти од луѓето кои ги посетиле се млади до 26 години.