Македонија
6. February 2017 - 19:07

Бесплатен градски превоз во Скопје

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани се додека не се намали нивото на штетни честички во воздухот. Град Скопје објави  13 итни  мерки и препораки поради алармот кој го вклучија мерните станици во метрополата.

Трајановски најави ноќни вонредни контроли на градилиштата и прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат. 

Го задолжи ЈП Комунална хигиена да продолжи  со интезивно миење на коловозите. Оваа препорака се однесува на сите општини во скопскиот регион.

Повозрасните лица  со хронични заболувања и бремените жени кои работат во град скопје и јавните претпријатија се ослободени од работа.

Од утре и градоначалникот ќе доаѓа со автобус на работа  и апелираше до останатите вработени да го користат јавниот превоз.

Трајановски донесе времена мерка со која се забранува користење на службените возила освен за потребите на инспекторатот.

Градоначалникот побара МВР да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Град Скопје и побара од Министерството за животна средина и општините да ги засилат контролите над инсталациите кои се под нивна надлежност.