Беше страшно: Умре на базен пред нашите очи
Денеска околу 15 часот на базенот „Осмица“ на Кошутњак се случи трагедија, при што еден од капачите наеднаш почина, а се сомнева дека добил срцев удар.
Еден од очевидците на несреќата на базенот во Кошутњак вели дека ситуацијата била многу непријатна.
-Јас видов што се сличи и беше многу непријатно. Човекот влезе во водата и тогаш му се слоши. Веднаш скокнаа спасувачите. Брзо стигнаа и лекарите од Кошутњак, а потоа и брза помош, ама му немаше спас – вели млада Белграѓанка.
Таа додава дека луѓето кои не го виделе моментот останале збунети кога им рекле да го напуштат базенот.
-Во очите им се виде дека се преплашени. Многу се исплашија. Тој базен е веднаш затворен, а на другите капачите продолжија да се бањаат - ја заврши приказната жената, која е очевидец на трагедијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација