Бесен струмичанец со секира ги искршил сите слот апарати во казино во градот
Влегол со секира и направил хаос во казино во Струмица. Бесен струмичанец синоќа кршел слот апарати и рулети во казино во центарот на градот.
Оштетени се педесетина апарати за игри на среќа и два рулети при што е направена голема материјална штета. За настанот сведочи и видео снимка која од синоќа кружи по социјалните мрежи , но конкретни информации за причината поради која биле искршени апаратите засега нема.
Се претпоставува дека сторителот претходно играл во касиното и изгубил пари по што неговото незадоволство го истурил врз апаратите. Од полицијата го потврдија настанот и информираа дека се работи на негово целосно расчистување и документирање.
- На 21.03.2018 година околу 17,45 часот во секторот за внатрешни работи Струмица пријавено е дека А.В. 49 годишен од с.Василево-струмичко со секира влегол во казино на улицата „Маршал Тито“ и оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета, причинувајќи материјална штета од околу 1.500.000 денари. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и задржано во просториите на полициската станица од општа надлежност во Струмица. По целосното расчистување и документирање на случајот против истото ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица.
Сите искршени апарати доцна синоќа се повлечени од казиното . Објектот кој се наоѓа улицата Маршал Тито во самиот центар на Струмица од денеска повтоерно е отворен за работа, но во него немаше никој кој сака да зборува за настанот и да објасни што конкретно се случувало и поради што дошло до демолирање на апаратие и рулетите.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар