Живот
15. јуни 2016 - 16:22

Бесен маж ја начекал сопругата со љубовникот - еве што се случило потоа!

Застрашувачка снимка прикажува маж од Индија кој свирепо ја тепа жената и нејзиниот љубовник пред насобрана група луѓе, меѓу кои има и деца.

Бесниот човек ги врзал својата жена и мажот за кого тврди дека е нејзин љубовник и ги удирал со дебела ортома и стап.

Неговата жена облечена во традиционална облека, вреска и се обидува да побегне вртејќи се околу столбот за кој е врзана.

Во Индија моментално се водат жолчни расправи дали човекот треба да се казни или не.

Оние кои го критикуваат неговото однесување велат дека неговата постапка шири омраза и насилство и дека е неприфатлива, додека има и такви кои го поддржуваат неговото однесување, тврдејќи дека тој само ја бранел честа на своето семејство.

Предупредување: видеото е со вознемирувачка содржина