БЕСА:Притисок врз граѓани од ИМ 2901 да не излезат на гласање
Движењето БЕСА во тек на прегласување за вториот круг од Локалните избори на гласачкото место 2901 во општина Чаир преку соопштение побара од институциите, како што наведува, да создадат услови гласачите слободно да ја изразат својата волја и политичка убеденост.
Од БЕСА во соопштението истакнуваат дека „група насилни милитанти од партијата на власт“ им вршела притисок на граѓаните да не излезат на гласање.
- Исто така, бараме од МВР и на сите жители кои гласаат на гласачкото место 2901 да им ги вратат документите за лична идентификација за да можат да гласат. Имаме обезбедено информации дека на жителите кои живееат на оваа област им се одземени документите за лична идентификација од партиските милитантни на владејачката партија, а за сето ова била информирана и МВР, стои во соопштението од БЕСА.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење