Бизнис
21. April 2017 - 20:52

Берзанскиот промет во првиот квартал задоволителен - Се истргувале 17 милиони евра

Состојбите на берзанското тргување во Македонија се задоволителни тоа го потврдува реализираниот промет во првиот квартал на оваа година од неполни 17 милиони евра што е второ најдобро остварување во последните пет години. Но политичката криза и економските фактори влијаат странските ивеститори се помалку присутни а пазарот се потпира на домашни инвеститори.

После светската економска криза од пред десетина години балканските финансиски пазари повторно се соочуваат со потешкотии во финансирањето.

Инаку на 18тата годишна конференција на македонската берза на хартии од вредност експертите дискутираа за новините и трендовите во фондовската индустрија ,колективните платформи за финансирање и влијанието на новите технологии во финансискиот сектор.