Македонија
19. September 2017 - 16:11

Берово со двајца кандидати во трката за градоначалник

- Во ОИК во Берово потврдени се две листи за кандидати за градоначалник и две листи за кандидати за членови на Советот на Општина Берово кој брои 15 лица. Мишо Догазански претседател на ОИК Берово истакна дека доставени се листи за кандидат за градоначалник и две листи за членови на Советот од партиите СДСМ со коалицијата и ВМРО ДПМНЕ со коалициските партии.
 
- Кандидати за градоначалник се Ѕвонко Пекевски од СДСМ со коалиција од 20 партии и Никола Атанасов од ВМРО ДПМНЕ со коалиција од 19 партии. Исто така, овие две партии со нивните коалиции доставија и советнички листи и сите се потврдени и внесени во системот. Во Берово за претстојните локални избори нема да има независни кандидати за градоначалник и независна листа за советници, истакна Догазански.
 
Тој информираше дела во тек е дооформување на избирачките одбори.
 
-Во избирачките одбори имаме промени за десетина лица, дел од ннив се во пенизја или со лекарско уверение, па побарано е од ДИК да се изврши нивна замена, додека предлозите од партиите за членови на изборачкиот одбор се во ред, рече Догазански.
 
Во Општина Берово на овие локални избори ќе има 16 избирачки места од кои во градот Берово 7 и 9 во селските средини.