Свет
15. јуни 2017 - 15:41

Берлинската полиција проверува сомнителен куфер во близина на станицата Александерплац

Берлинската полиција проверува сомнителен куфер, оставен на тротоар во близина на станицата Александерплац, изјави портпаролот на полицијата. 

- Станицата е отворена, изјави очевидец.

Претходно транспорните власти во Берлин ги информираа патниците во еден од возовите дека ќе има доцнење поради бомбашка закана на една од станиците во градот.