Свет
3. January 2017 - 13:01

Берлин предлага промена во системот за внатрешна безбедност

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер предлага промени во системот за внатрешна безбедност, што може да вклучува создавање на „федерални центри за заминување“, со цел да се олесни депортирањето на апликантите за азил чии барање се одбиени, како и централизирање на германската служба за внатрешно разузнавање. 

Мезиер ваквите предлози ги даде во статија објавена во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. 

Овие мерки се дел од пакетот што беше подготвен по нападот на божиќниот панаѓур во Берлин, што се случи минатиот месец. 

Германската Влада треба да разгледа дали е неопходно да се направат промени во законодавството по нападот во Берлин, за што главен осомничен е Тунижанец на кого му било отфрлено барањето за азил. 

Предлозите се поврзани со давање на поголеми овластувања на федералната Влада по прашањата за внатрешна безбедност. 

Одговорноста по тоа прашање сега е поделена меѓу федералната Влада и Владата на 16-те германски покраините. 

Во моментов за депортацијата се надлежни властите на покраините. 

Мезиер повика на подобра соработка со покраинските власти во врска со депортацијата, со предлог за создавање на „центри за заминување“, во близина на аеродромите, што ќе бидат управувани од страна на федералната Влада.

Во моментов во секоја германска покраина има огранок на службата за внатрешно разузнавање заедно со федералниот огранок. 

Мезиер повика да се разгледа можноста за воспоставување на служба што ќе биде целосно под федерална контрола и да се дадат поголеми овластување на федералната полиција за вршења на патна проверка подалеку од пограничните области. 

На ниво на ЕУ германскиот министер за внатрешни работи предлага механизам за побрзо справување со пристигнувањето на големиот број мигранти. 

Според него, земјите би требало да бидат оценети за безбедни, ако во нив има „безбесни места“ со „хумани и сигурни услови за сместување“, на пример во објекти, за кои би била одговорна ЕУ. 

Мезиер, како што јави ТАСС, исто така предлага германските служби за безбедност да можат активно да одговоараат на кибер нападите.