Бериша: Имам информации за криумчарење на деца поради трговија со органи
Поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша објави дека поседува информации дека „на границата меѓу Косово и Албанија“ во местото Кукс, се криумчари со деца помлади од 18 година, поради трговија со органи.
Бериша на неговиот Фејсбук профил напиша дека информациите ги добил од некој полицаец, кој од него побарал да помогне во спречување на дејствувањето на организираната криминална група, јави ТАНЈУГ.
- Вознемирувачка пријава! Полицаец пријави постоење на организирана група што криумчари со деца поради трансплатација на внатрешни органи. Го повикувам Обвинителството да покрене истрага!, наведе Бериша.
Потоа беше наведена информацијата што ја добил од полицаецот.
- Господине Бериша, ја сум полицаец на границата кај Кукс. Можете да спасите многу деца. На границата на Албанија со Косово криумчарат деца помлади од 18 година поради трансплатација на органи. Со фалсификувани изводи ги подмитуваат полицајците за 20.000 (околу 150 евра). Досега се шверцувани девет деца кои се киднапирани во сиромашни села. Те молам обелодени го ова и направи нешто.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда