Фудбал
6. November 2017 - 14:02

Беневенто соборува неславни рекорди

Калчолигашот Беневенто соборува неславни рекорди. Овој клуб од јужниот дел на Италија сезонава го собори рекордот за најлош старт во Серија А. Неславниот рекорд претходно беше во сопственост на Венеција, која во 1950 година ги загубила првите девет натпревари.
 
Беневенто со поразот од Јувентус го израмни рекордот за најлош старт во првенството во петте најсилни европски првенства. Манчестер јунајтед од 1931 година сезоната ја започнал исто како и Беневенто со 12 порази.
 
Овој тим на 12 натпревари примил 31, а постигнал само 5 гола.
 
Во наредното коло, 19 ноември, Беневенто ќе игра против Сасуоло и евентуалниот пораз нема да преставува никакво изненадување.