Белоруската опозиција првпат по 20 години освои места во Парламентот (ДПЛ)
Првпат по 20 години белоруската опозиција ќе биде застапена во Парламентот на земјата, откако на вчерашните парламентарни избори двајца опозициски кандидати успеаја да обезбедат пратенички мандати.
Како што јави ТАСС, според резултатите од изборите што ги објави денеска Централната изборна комисија, меѓу 100-те членови на Долниот дом на белорускиот Парламент ќе се најдат и опозициските пратенички Ана Конопацкаја и Елена Анасим.
Овој резултат нема битно да ја промени политичката слика во оваа поранешна советска република, бидејќи останатите 108 новоизбрани пратеници му се лојални на претседателот Александар Лукашенко.
Според западните медиуми, изборот на двете опозициски кандидатки за пратеници сепак претставува сигнал дека властите почнале да прават отстапки пред барањата на Западот за демократски промени во Белорусија.
Инаку одѕивот на вчерашните парламентарни избори во Белорусија, на кои право на глас имаа околу седум милиони гласачи, бил 75 проценти. Во трката за 110-те пратенички мандати беа 484 кандидати.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање