Свет
17. November 2017 - 21:25

Белгискиот суд не донесе одлука за апсење на Пуџдемон

Белгискиот судија денеска не донесе одлука за европскиот налог за апсење на разрешениот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон, што го издаде Шпанија, изјави неговиот адвокат Пол Бекерт. 

Белгискиот обвинител побара налогот да се спроведе, но одлуката за случајот ќе биде донесена следниот месец. 

Белгискиот суд денеска првпат заседаваше за европската потерница за апсење на Пуџдемон, издадена од Шпанија. 

Пуџдемон и четворица каталонски министри од неговата Влада се наоѓаат во Белгија. Тој се предаде на белгиските власти на 5 ноември. 

Истиот ден Пуџдемон беше ослободен на условно без право да ја напушти Белгија и со задолжение редовно да се јавува на полициските и судските повици.