Свет
23. March 2017 - 15:37

Белгија: Во Антверпен е извршен неуспешен обид за напад со автомобил

Во вториот по големина белгиски град Антверпен денеска возач го насочил неговиот автомобил кон пешаци на прометна улица, а лицата што се наоѓале таму успеале да избегаат, соопшти локалната полиција. 

Обидот за напад бил забележан од страна на патролните војници, при што е уапсен еден маж. 

Засега е јавено дека, во регионот на пристаништето, каде се случил неуспешниот напад, е пронајден автомобил со француска регистрација, во кој се наоѓало оружје. 

Регионот е отцепен од страна на белгиската полиција.