Свет
25. March 2016 - 13:17

Белгија ќе бомбардира позиции на ИД

Белгија повторно ќе испрати авиони-ловци Ф-16 против екстремистичката Исламска држава, изјави денеска белгискиот премиер Шарл Мишел, потврдувајќи дека неговата земја ќе учествува во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.

- Во рамки на договорот со Холандија, повторно ќе започнеме мисија, за тоа ќе имаме дебата во Парламентот, а Владата ќе одлучи дали постои можност за проширување на мисијата, истакна Мишел на зедничка прес-конференција со американскиот државен секретар Џон Кери.